Македонија Новости Топ Вести

Универзитетот „Мајка Тереза“ стана сопственик на касарната „Илинден“

Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус. На последната владина седница просториите кои биле предвидени за оваа високообразовна установа и формално правно преминале во сопственост на универзитетот.

Од Министерството за образование информираат дека во дел од отстапените објекти веќе се реализираат градежни инвестиции за адаптација и опремување за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите, за што средства се обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во моментов функционира во објект во центарот на Скопје, како привремено решение до конечната изградба на универзитетскиот кампус. За шест години откако е основан на овој универзитет, на петте факултети во неговиот состав се нудат 36 студиски програми, на кои се запишале над 3.000 студенти.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *