Кос: Секој напредок со идните земји членки мора да биде кредибилен
Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека Европската Унија се
подготвува за нови членови водена од прашањата за мир, демократија и безбедност, како и дека Унијата издвојува три насоки на работа на патот кон проширување на ЕУ. На отворањето на форумот на ЕУ за проширување таа како прва насока издвои дека секој напредок постигнат со идните земји членки мора да биде кредибилен и дека кандидатите мора целосно да се усогласат со клучните вредности и ефикасно да ги спроведуваат.
„Не може да има пречки и нема да има пречки. Често ме прашуваат дали овие геополитички
аргументи значат дека треба да затвораме очи пред сè и да примаме нови членови без оглед на тоа? Не, ви велам, токму спротивното е. Кога демократските структури се слаби или владеењето на правото е недостаточно, тоа може да отвори врата за злонамерно влијание, корупција и организиран криминал. Нашата Унија е изградена врз доверба меѓу нејзините членови. Успешно проширување може да се случи само кога има доверба заснована на достигнувања и заслуги“, рече таа.

Како друга насока таа издвои дека ЕУ мора да се подготви и за нови членки и дека во моментот работат на преглед на подготвеноста пред пристапувањето. Според неа, ЕУ мора да знае какво ќе биде влијанието на идното проширување врз клучните области на политиката или буџетот и управувачките структури.
„Исто така, треба да дадеме силни одговори на загриженоста на нашите граѓани. Што значи
проширувањето за нашиот модел на социјална заштита? Како може да ја зајакне контролата на нашите граници? Како можеме да обезбедиме почитување на владеењето на правото по
пристапувањето? И како ќе обезбедиме непречено и ефикасно функционирање на Унијата? Мора да имаме отворена дискусија за тоа какви заштитни мерки ќе вклучиме во идните договори за пристапување за да им обезбедиме на нашите граѓани дека интегритетот на нашата Унија е заштитен“, рече Кос.
Таа истакна дека мора да има заштитни мерки што нашите нови земји членки нема да ги
забележат кога сите ги почитуваат своите одговорности, како и дека овие мерки мора еднакво
да бидат заштитни мерки, што може силно да влијаат врз новите земји членки кога не ги
почитуваат истите правила.
„Две третини од Европејците ни кажуваат дека во моментот не се доволно информирани. Ова е проблем што мора да го решиме. Ова е заедничка одговорност со нашите земји членки“, рече Кос.






