Македонија Новости Став Топ Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи Анкетна комисија за Кочани, но проширена и со другите трагедии


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите рече дека тие  ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии.

https://cdn.iprom.net/ads/2024/24-03-0268/300×250/index.html

„Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ние таквото барање ќе го прифатиме. Но, кога разговараме за една ваква тема за која што ние исклучиво кажуваме дека е злоупотребувана за некрофилско добивање политички поени, треба ваквата Анкетна комисија да проширена и за сите да биде проширена и за сите други трагедии за кои нема ни кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност“, рече Стојаноски.

Тој потенцира дека во Собранието тееба да се поставуваат прашања за сите претходни трагедии.

„Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника. Треба да се постават и прашањата и за тоа како одредени превозници коишто немале лиценци, и покрај тоа што 60 пати ја поминувале државната граница, доведоа до тоа да изгорат живи луѓе“, рече Стојаноски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *