Култура Македонија Новости Топ Вести

Раководителите на „Битолски Монмартр“ на распит во полицијата

Обвинителството во Битола официјално потврди дека „предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител и дадени се насоки да се извршат неопходните проверки“


БИТОЛА – Почнал распитот во битолската полиција за носење деца, членови на „Битолски Монмартр“, кај претседателот на Бугарија, Румен Радев и кај Симеон Втори, дознава „Независен“ од извори во истрагата. Децата, уметници, во два наврати во последната година беа фотографирани со политичарите и објавени во бугарски и македонски медиуми, без организаторите за тоа да имаат дозвола од родителите. Единствена дозвола од родителите, потпишана на нотар беше таа за преминување на македонско-бугарската границата. 

„Независен“, дознава дека на распит кај истражителите ќе се повикуваат лица поврзани со патувањата и активностите на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.  

ОЈО Битола (во јули годинава) прифати да ги проверува наводите за носењето на деца од „Битолски Монмартр“ кај бугарски политичари по известувањето на МВР и откако лично министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Битола кажа дека „по известувањето до ОЈО веќе имаме предмет“.

Денеска, Обвинителството во Битола официјално за „Независен“ потврди дека „предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител и дадени се насоки да се извршат неопходните проверки. Предистрагата е тајна“. Оттаму, на нашето прашање ниту потврдуваат, ниту демантираат дали на разговор се повикани и првите луѓе на „Мал битолски Монмартр“. 

На почетокот на јули 15 деца од Битола кои членуваат во ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ од Битола беа во Софија, Бугарија на покана на (новиот финансиер на „Битолски Монмартр“) Фондацијата „Бугарска меморија“ на бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски како дел од второто издание на „Мал Монмартр во Софија“. Тогаш тие беа примени во канцеларијата на претседателот Румен Радев. Едно од нив имаше девет години.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *