Македонија Новости Топ Вести

Вработените во Кардиохирургија со закана до Меџити: Со протест ќе го браниме разрешениот директор Јовев

Голем дел од вработените во државна Кардиохирургија денеска му испратиле писмо на министерот за здравство Фатмир Меџити и му се заканиле дека колективно нема да одат на работа во знак на протест поради разрешувањето на директорот д-р Сашко Јовев, неофицијално дознава ПЛУСИНФО од вработени во клиниката.

Ваквата реакција на лекарите, но и на немедицинскиот кадар на Кардихирургија, следува откако министерот за здравство експресно му врачи отказ на директорот Јовев, а во изјава за медиумите рече дека веќе нема да толерире директори кои спијат 10 години и кои не можат да се пофалат со никакви резултати.

Како што објави Фокус, д-р Јовев добил образложение дека се разрешува поради тоа што не го послушал актуелниот министер во однос на дежурствата, поточно дека не требало да дежура, иако на тој начин им помага на помладите колеги.

-Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачаевски и министерот Меџити. Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан – изјавил Јовев за „Фокус

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *