Интервјуа Македонија Новости Топ Вести

Касами: Али Ахмети треба да оди дома

Што се однесува до 21 годишнината на ДУИ во Тетово, зборуваше и градоначалникот на оваа општина Биљал Касами, кој вели дека не биле поканети,  но и да биле, немало да отидат, бидејќи  нивната цел не е да ја поддржат ДУИ туку да ја испратат во опозиција.

Според Касами, Беса и опозициската коалиција која ја гради неговата партија, целта е лидерот на ДУИ да си оди дома.

about:blank

„Ние работиме со целата структура на Движење Беса, широката опозициска коалиција која ја градиме, ДУИ да ја испратиме во опозиција. Нема врска со бојкот, ние сме кажале дека Али Ахмети треба да оди дома бидејќи доста беше во политиката“, вели Биљал Касами.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *