Владата треба да ја усвои и да ја достави во Собранието Предлог-иницијативата за уставни измени
Владата треба да ја усвои Предлог-иницијативата за уставни измени, подготвена од работната група, која потоа треба да ја предложи до Собранието. За отворање на Уставот, Предлог – иницијативата потребно е да добие двотретинска поддршка во Парламентот.
Претседателот Стево Пендаровски вчера потврди дека е запознат со содржината на уставните амандмани кои, како што рече, Владата денеска треба да ги усвои и да ги предложи во Собранието. Амандманите, додаде тој, се формирани според договореното со ЕУ и согласно заклучоците на Собранието. Наспроти порано изнесениот став, шефот на државата сега вели дека постапката во Парламентот треба да почне дури и да не е обезбедено потебното мнозинство.
-Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 гласа претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата – проевропски и антиевропски блок, вели Пендаровски и при тоа потсетува на 2015-та кога пред да влезе во првото гласање за Преспанскиот договор, тогашната владина структура, немаше обезбедено 80 гласа во тој момент.