Македонија Новости Став Топ Вести

Тошковски: Oпозицијата ги организира родителите од Кочани

Протестот на родителите на загинатите од Кочани бил организиран од опозицијата; таа манипулирала со нивната тага – тоа го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на гостувањето на емисија на Алфа во петокот вечерта.

Без да понуди какви било аргументи, или пак докази, Тошковски ја нарече опозиџијата „лешинари“ и тврдеше дека родителите на загинатите деца не дошле случајно тој ден во Скопје, денот кога во Собранието се расправаше за неговата интерпелација.

Тошковски рече дека „се срами што е дел од општество во кое опозицијата сака на сметка на солзи на родители кои изгубиле чедо, да добие лајк на Фејсбук“.

„Навистина, јасно е сето она коешто го направија. Па, гледаат луѓето. Секој Македонец којшто го следеше оној ден со интерпелацијата… Што сакаат, да веруваат дека не случајно ги организираа луѓето да дојдат на денот на интерпелацијата, а дел од тие луѓе не знаеа дека има интерпелација за министер за внатрешни работи? Не случајно имаше списоци кај одредени луѓе коишто поставуваа одредени прашања. Јас не знам каде ќе им оди душата на овие… ништо не можам да кажам друго освен политички лешинари“, рече Тошковски.

Гостувањето на Тошковски на Алфа беше второ за два дена, откако ден претходно беше на Канал 5, каде ги објаснуваше активностите на полицијата околу трагедијата во Кочани.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *