Македонија Новости Став Топ Вести

ИРИ ќе му помага на МОН во зголемувањето на ефикасноста на образовните услуги за граѓаните

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) ќе му помага на Министерството за образование и наука во заложбите да ја зголеми ефикасноста на образовните услуги за граѓаните, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по средбата со Илина Мангова, регионална советничка на ИРИ за Европа и Ана Алибегова, виша програмска менаџерка на ИРИ.

Ќе работиме стратешки, реално ќе ја мериме состојбата и ефектите од нашите образовни политики, следејќи ги мерливите показатели за успешност од стратешкиот и годишниот план за работа на министерството, порача министерката Јаневска.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *