Македонија Новости Топ Вести

Етничка графа во изводите за родени, починати и венчани

Практиката на лажно декларирање на етничката припадност за да се вклопи во критериумите за вработување во јавните институции, од следната недела ќе стане потешка, дури и невозможна. Министерот за правда Кренар Лога ја потпиша директивата за измена и дополнување на упатството за начинот на одржување, заштита и чување на матичните книги и документацијата. Според одлуката, уверенијата, свидетелствата и копиите врз основа на матичните книги ќе имаат и графа за етничка припадност. Според Министерството за правда, упатството има за цел да спречи лажно декларирање на етничката припадност при вработувањето.

„Иако надлежните органи се запознаени со оваа појава тие досега не можеа да го санкционираат лажното декларирање на етничката припадност со позитивните закони во државата. Од стапувањето во сила на ова упатство може да се отвори постапка за лажно пријавување за евентуална злоупотреба“, велат од Министерството за правда.

Новите изводи, според новото упатство, ќе почнат да се издаваат од следната недела, а изводите за венчаните и умрените од 1 јануари 2024 година. Балансерот како механизам за обезбедување правична етничка застапеност во институциите беше резултат на Охридскиот договор. Неговите злоупотреби почнаа последните години, неколку пати се ветуваше решение, но без резултат.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *