Љубовта на оваа душа е скриена во дрвено буренце со мед, токму таму меѓу саќето….нанижана на ѓердан од бисери, испеана во песната на славеjите, во мирисот на расцветаните рози…
во топлината на гушнатите ластовички…
Голема е како Сахара…
Ја чувам скришно и срамежливо се до оној момент кога ќе ја најде сродната…таа која ќе се спои со мојата…ќе ја обојам со најубави бои…ќе ја опсипувам со милост,бакнежи и допири за каква ниту знае, ниту видела…ќе ја разнежам и разгалам..го умеам тоа…ќе ја негувам ко мајка-дете…
Ќе ја чувам во бисерна школка скриена од сите…скриена од заборав оти сакам вечна да е…љубоморно само за себе…зошто знам колку сонца изгреаја и зајдоа додека чекав да ја сретнам…колку улици изодев попусто барајќи ја, колку ноќи не заспав додека ја мечтаев, колку ѕвезди блеснаа и се сокрија додека мојата жнееше љубов….преполнуваше пори од моево тело, јадро и атоми…ќе ме однесе со себе, нема да се противам…оти тоа со копнеж и жар цело свое постоење го исчекувам…