Македонија Новости Топ Вести

Приватните автобуси се вратија на скопските улици

Приватните автобуси почнаа да возат. По половина година пауза, од утринава повторно се на скопските булевари. Со стотина автобуси, на јавниот превоз ќе му се приклучат на 16 линии, исто како порано. Иако вчера директорот на ЈСП најави дека автобусите ќе бидат модерни и еколошки, нашата камера не успеа да забележи ниеден приватен еко автобус. Ниту граѓаните не го виделе тоа.

Договорот со ЈСП беше потпишан вчера, а извори за Сител брифираат дека е исплатен речиси целиот долг од милион и пол евра. Поради долгот тие кон крајот на ноември прекинаа да возат и со денови ги блокираа главните сообраќајници во главниот град. Арсовска која сега се фали дека го решила проблемот, тогаш велеше дека таков долг не постои и дека на Скопје не му требаат приватни автобуси.

Градот Скопје може и без приватни превозници. Го организираме јавниот превоз. Правиме реформа на јавниот превоз“  изјави Данела Арсовска, градоначалник на Скопје.

Откако прекинаа да возат приватниците, јавниот превоз во Скопје колабираше, бидејќи ЈСП нема доволно автобуси и возачи за да ги опслужи сите линии. Сепак, од утре ќе се знае дали гужвите на постојките ќе станат минато, бидејќи денеска е неработен ден и автобусите возат по неделен возен ред.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *