Македонија Новости Топ Вести

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Државата и граѓаните ќе плаќаат пенали за нереализираните капитални проекти


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Дебата за Македонија – Економски политики за достоинствен живот и ЕУ интеграција во Неготино во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависта промените!“ обвини денес дека власта на СДСМ и ДУИ изминатите седум години не заковала „ниту една шајка“ иако во овој период биле потрошени преку 22-23 милијарди евра, кои биле планирани за капитални проекти.

Годинава, според Стојановски за капитални инвестиции се реализирани 55-56 отсто од предвидените средства и невозможно е во наредните два месеци тоа да се надополни. 

Осврнувајќи се на автопатот Кичево – Охрид, Стојановски рече дека „тоа е еден споменик на неспособноста на СДСМ“, посочувајќи дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го оставила со 50 проценти реализација.

„Прво беше трасата искривена, па потоа немало клучки за да ден денес иако кажаа дека рокот е 2023-та година, јас ве уверувам тука дека се уште трасата не е пробиена“, рече Стојановски. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *