Македонија Новости Топ Вести

Општинска Арачиново затворена од „безбедносни причини“

Поради предмет за доделување на користење на земјиште градоначалникот на општина Арачиново добил смрттни закани.

Администрацијата на општината под клуч, зградата празна. Во соопштението на општината се наведува дека денеска нема да работат поради безбедносни причини и дека одлуката  е донесена откако по втор пат е нарушена безбедноста на вработените и градоначалникот. 

„Општинскиот совет на Општина Арачиново, бара законските, безбедносните и обвинителските органи итно да ги преземат сите активности согласно законите со цел обезбедување услови за нормално и непрекинато функционирање на Општинската управа, апелира граѓаните да ги поддржат своите легитимни претставници во Советот на општината во насока на нормализирање на безбедносната состојба со цел побрзо враќање на нормалноста на функционирањето на Општинската институција“, велат од општина Арачиново. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *