Култура Македонија Новости Топ Вести

ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Агенцијата за филм

Финансирањето на проекти во филмската дејност е без јасни критериуми за спроведување на постапката за избор на филмски проекти и извршени се исплати без поткрепувачка документација во вкупен износ од околу 24 милиони денари, констатирал Државниот завод за ревизија во последниот извештај за Агенцијата за филм за 2021 година.

Со ревизијата опфатени се 15 филмски проекти и 4 филмски фестивали од национален интерес кои се финансирани од страна на Агенцијата во повеќе Годишни програми почнувајќи од 2017 година, за кои во 2021 година се исплатени средства во вкупен износ од 116 милиони денари.

ПРИ ОБЈАВУВАЊЕТО НА КОНКУРСИ ЗА ФИЛМСКИ ПРОЕКТИ АГЕНЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИДРЖУВА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ, НИТУ ПАК ИМА ДОНЕСЕНО ИНТЕРЕН АКТ-ПРОЦЕДУРА СО УТВРДЕНИ АКТИВНОСТИ И ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПРЕЗЕМААТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ПО КОНКУРСОТ, СО ШТО Е ОВОЗМОЖЕНО СУБЈЕКТИВНО ОДЛУЧУВАЊЕ ПРИ ИЗБОРОТ НА ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПРИФАТЕНИ, ОДНОСНО ОДБИЕНИ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИТО ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА.

Во годината предмет на ревизија, напуштена е праксата на кодирање на предметите, со што би се намалило влијанието на субјективниот фактор во процесот на одлучување.

Ревизорите нотираат дека не е пропишан начинот на утврдување на бројот и типот на филмските проекти, висината на буџетот, поточно  финансиската рамка која стручните тела треба да ја имаат предвид при изборот на соодветните проекти.

Ревизорскиот извештај во делот на Останати прашања смета дека е потребно да укаже на потребата од доуредување на Законот за филмската дејност поради недоречености во делот на регулирање на поимот истакнати поединци од областа на филмот и културата, за кои недостасувај критериуми за звања и квалификации за да бидат именувани како членови на филмскиот совет

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *