Македонија Новости Став Топ Вести

Николоски: Притисокот што го имаме од Бугарија да се олабави

Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ. Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија – истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа.

Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија.

Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија, а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор – кажа Николоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *