Цветанка Иванова е претставник на СДСМ во работната група за измени на Уставот
СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот.
„Иванова е дипломиран правник, има долгогодишно искуство, одличен познавач не само на Уставот и законите туку и на собраниските процедури како пратеничка. Учествувала во значајни процеси и одлуки кои Собранието ги има донесено.
СДСМ активно ќе учествува во експертското тело кое го формира Министерството за правда. Тоа е државнички, тоа е одговорно затоа што станува збор за процес од кој зависи членството во ЕУ, како врвен национален и државен интерес.
Очекуваме преку отворен, транспарентен процес, да дојдеме до најдобриот македонски модел за уставни измени, кој ќе значи продолжување на европскиот пат.
Членството во Европската унија е врвен национален и државен интерес поставен уште од независноста.
Денеска, или оваа 2023 година сме на чекор, на дофат на тој генерациски сон, на таа желба на сите наши граѓани, на оваа наша стратешка национална определба.
Никогаш, ама никогаш во изминатите 30 години не сме биле толку блиску.“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.