СОВЕТНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ПОДНЕСОА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА МОШТИТЕ НА ПАНКО БРАШНАРОВ ОД ЗАГРЕБ ВО ВЕЛЕС
Денес советниците на Левица во Советот на Општина Велес поднесоа Иницијатива која подразбира реализација на низа мерки и активности со кои ќе се овозможи враќање на посмртните остатоци на првиот претседавач со АСНОМ, Панко Брашнаров, од Република Хрватска во Република Македонија.
Оваа иницијатива ја поднесуваме тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и суверена држава“ и Приклучувајќи се кон обележувањето на значајните настани и истакнатите личности во 2022 година.
Обединети во намерата за натамошна афирмација на најшироко прифатените вредности за слобода и демократија; Свесни дека единствено преку достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на општеството- се вели во текстот на иницијативата поднесена од Левица, Велес.
Ова е прва официјална иницијатива за враќање на моштите на Брашнаров во Македонија, откако новинарите на емисијата „КОД“ го пронајдоа неговото вечно почивалиште на загребските гробишта Мирогој во 2011 година.