Македонија Новости Топ Вести

Заврши расправата за законите на Бехтел и Енка

Цената на изградбата, дополнителните трошоци, авансното плаќање, ослободувањето од царина, акциза и даноци, се дел од темите што ги предизвика петтиот и последен од пакетот закони за коридорите 8 и 10д кои заради европското знаменце забрзано ја поминаа собраниската процедура.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се гради хаотично, без било каква документација, дека се остава простор за манипулации и крадење. Власта потсети на 2013-та година и договорот со Синохидро за патиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Гласањето за овој сет закони ќе биде најрано утре.

Опозицијата изрази надеж дека претседателот Пендаровски нема да го потпише Законот за работни односи и нема да дозволи 60 часовна работна недела. Власта е уверена во мнозинство кое ќе овозможи забрзана процедура при изградбата на двете делници од европските автопатишта.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *