Македонија Новости Топ Вести

Во чест на Прличев и годишнината од неговото прогласување за Втор Хомер книжевен настан во куќата на академик Ѓурчинов

По повод 25 март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во 1860 година во Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова утре во 13 часот организираат книжевен настан под наслов „Григор Прличев во компаративен клуч“.

Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од  смртта на Прличев, но и одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Милан Ѓурчинов. Не случајно за првпат за јавноста се отвора дел од куќата на проф. д-р Ѓурчинов во Охрид која крие уште една симболика во себе. Во 1965 година градската библиотека функционирала на првиот кат од куќата, информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Додаваат дека на настанот професор Татјана Дурнева ќе го чита есејот од д-р Милан Ѓурчинов „Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *