Српскиот патријарх Порфириј на осветувањето на првата македонска црква во Загреб
Првата македонска православна црква во Хрватска, црквата Св. Злата Мегленска, вчера беше осветена во Загреб, а на церемонијата премиерот Андреј Пленковиќ во знак на благодарност и искрено пријателство го доби највисокото признание од МПЦ-ОА.
Од страна на Македонската православна црква, присуствивале архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а на свеченоста во Загреб присуствуваа митрополитот европски г.Пимен и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф, а последните информации се дека таму бил и и српскиот патријарх Порфириј.
Света Злата Мегленска во Загреб е направена е со помош на хрватските власти.
Најголема заслуга за изградба на објектот има пораншениот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ кој преку градското собрание обезбеди градежна дозвола за верскиот објект кој се наоќа во близина на центарот на градот..
Од македонскиот државен врв присутен беше само директорот на комисијата за верски заедници.
Изградбата започна кога сегашниот српски патријарх беше загребско-љубљански митрополит, а тогаш остро се противеше на изградбата..