Македонија Новости Топ Вести

Арсовска за ТВ 24: Скопје не е пред банкрот

 

Проблемот со приватните превозници завршува, а автобускиот превоз е решен. По неколкумесечни натегања, како и бурните реакции од граѓаните кои долго чекаа на автобуските постојки, од утре приватните превозници повторно се враќаат на скопските улици.

Градоначалниката на Град Скопје Данела Арсовска во разговор за ТВ 24 им порача на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓаат и да се договорат дали Град Скопје тајно им исплатил на превозниците или воопшто не им плаќал. Истакна дека долг немало ниту ќе има. Секој месец стигнувала факутура и таа секој месец се плаќала. Тоа се луѓе кои ќе се прилагодат на стандардите на приватниот превоз и луѓе кои чесно работат, вели Арсовска. Договорите се потпишуваат, а согласно решението тие ќе започнат со работа од утре.

Во однос на скопските мостови кои се во надлежност на Град Скопје, Арсовска напомена дека се стабилни, нема длабински оштетување и нема потреба од голема санација. А, за мостот „Беласица“, посочи дека во наредните дваесеттина дена ќе се прават анализи, но сомнежот е дека причина за пожарот е човечки фактор.

Дали Град Скопје е пред банкрот, градоначалничката потенцира дека тоа е манипулација која ја шират ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

За проблемите кои настанаа измината недела, Арсовска додаде дека паниката и стравот кој го шират ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кај граѓаните нема да им помине бидејќи свесноста на граѓаните е на повисоко ниво.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *