Македонија Новости Топ Вести

Прва пресуда од Стразбур за 27 април

Елена Доцевска Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ која во 2017 година беше во притвор поради учество во насилниот упад во Собранието на 27 април истата година, доби пресуда во своја корист од Европскиот суд за човекови права во Стразбург.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово, а тогаш вработена во Собранието, објави на Фејсбук дека ја добила битката пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург.

Божиновска открива дека пресудата вели дека е прекршен член 5 став 4 од од Европската конвенција за заштита на човековите права по повеќе основи при назаконско определување притвор, негово преиначување, негово продолжување, бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка.

– Поминаа 5 години… во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена Спогодба. Ја одбив без размислување! Сакам Правда, не Пари!

Голема сатисфакција ми е напишаното на тоа парче хартија, сериозна потврда за тоа што беше и е евидентно од самиот почеток дека се работи за монтиран политички процес, со ѕверски притвори, уште поѕверски воден судски процес во крајно нехумани услови и околности (рочишта секој ден во низа, по 10-12 часа, без храна и вода), драконски изречени казни за недокажано дело.

Пресудата е печат на тоа што повеќе од 5 години го кажуваме, што засекогаш ќе се раскажува како најголема неправда во историјата на македонското правосудство и нешто што никогаш не смее да се повтори – Божиновска.

Божиновска не сака да покренува постапка и да чека правда од македонското судство, но се надева дека ќе следат и други вакви пресуди за другите обвинети од 27 април.

– Во услови на 4 посто доверба во судството, кршење и непочитување на закон, Устав на дневно ниво веќе, не, не би покренувала постапка и не би чекала правда од некој што е слеп пред неа, не би чекала примена на закон, од некој што го крши и применува по нарачка од штаб.

Со оваа Пресуда од Европскиот суд за човекови права ,една битка е добиена, продолжуваме понатаму да ги биеме битките, ќе следат и други вакви пресуди за другите обвинети и осудени, продолжуваме до конечна победа и до конечна слобода на неправедно осудените Уставобранители! – додаде Божиновска 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *