Првата дипломатска мисија како економски промотор, Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, ја добил од владата на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на 2016-та година во времето кога беше премиер Емил Димитриев.
Тоа стои и на неговиот линкдин профил, но не може да се најде како документ од седница на влада бидејќи во тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прогласуваа дневниот ред на владини седници за класифицирана информација за интерна употреба.
Откако ДУИ го смени партнерот во владеачката коалиција, Бесиан Ахмети повторно во мај доби дипломатска функција но во амбасадата во Брисел како прв секретар кој треба да се грижи за привлекување на инвестиции од земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург).
Пред да почне со дипломатскиот пробив Бесиан заедно со братот, вториот внук (Дрин) на лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил директор и сопственик во Еверест ЏД.Оваа фирма има концесија за минерални суровини во Букојчани и лиценца за мала хидроцентрала во Кичевско.