Стил

Дневникот на Sarah Kay: Мигови во кои си тишината си ти

Секое утро е Сонце, дури и кога е дожд оти е нов живот,нов почеток…секој ден е твое природно радување, но и разграбување, твое делење на секого и сѐ…на оние кои се пресреќни што те имаат но и на оние кои би ти ја изеле душата, и лакомо го грабаат секој атом од тебе.

Темнината те проголтува… свесно ѝ се предаваш, сакаш да си таму…

Здивот ти е лефтерен и бавен…зениците изгубени…

Меланхолијата те прегрнува како најдобар пријател…

Мигови во кои си тишината и ти.

Душата сака да зборува и да биде слушната…

Звукот на виолината и ѕвезденото небо сѐ единствен мелем за твојата искината внатрешнст, која е толку уморна и истрошена што целиот Универзум и да сака нема моќ да ја закрпи….

Кога Месечината ти е единствена светлина, си само ти. Ти и твоите грешки, твоите мисли за нештата кои можеле да бидат поинакви,за изборите погрешни… Твоите каења…

Твоите лутини кои секојдневно додаваат по еден нов камен во твојот Кинески ѕид, правејќи те рамнодушна тврдина која повеќе ниту прашува ниту ја интересираат одговори…

Твоите страдања кои требало да те научат како да не се сопнуваш постојано на истиот камен, зошто на крајот ќе ја скршиш ногата….како и за сите погрешни изблици на љубов подарени во еден правец…

Кога муграта ќе го означи крајот на уште една ноќ и топлото изгрејсонце ќе те допре, трчаш повторно по истите патеки налудничаво и среќно…

Те води мислата дека некој сепак тргнал да те пречека со отворена прегратка…како непослушно дете иташ, небаре ѕвездите ти го претскажале моменотот кога ќе се вивнеш во облаци од среќа.

Уште еден од оние пати кога си сонувал дека постои некој за тебе…а таму и денес нема никој…

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *