Бесими: Не е најповолно време за зголемување на платите за работниците
За повисоки плати за 1.060 фунцкионери се најдоа пари во буџетот. За вработени во јавниот сектор, Бесими предлага зголемувањето да биде од следната година. На денешниот брифинг тој кажа дека досегашната плата му била 71. 145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.
Примањата на Бесими пораснале за нешто над 50 илјади денари. Приближно колку што му е потребно на едно семејство за да ги покрие основните трошоци во месецот. Кај некој функционери зголемувањето е и поголемо. Но, Бесими тврди – сега не е најповолно време за усогласување и зголемување и на платите во јавниот сектор, поради инфлацијата.
За синдикатите пак е неприфатливо зголемувањето да почне од идната година.
Неодамна Уставниот суд укина одредба од законот за плати за коефицинетите на плати со која се овозможи на јавно избраните фунцкионери да им се зголемат платите до 78 отсто. Според пресметките за зголемените функционерски плати, годишно се потребни над 15 милиони евра.