Култура Македонија Новости Стил Топ Вести

СИМОН ТРПЧЕСКИ ИЗДАДЕ ДВОЕН АЛБУМ ЗА БРИТАНСКАТА КУЌА „ЛИН РЕКОРДС“ СО ДЕЛА ОД БРАМС

Македонскиот пијанист Симон Трпчески издаде двоен албум за британската издавчка куќа „Лин рекордс“ , на кој соработува со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

„Нивната незаменлива хемија, најважна во камерните концерти на Брамс, е целосно прикажана во овие нови изведби што го ставаат музичкиот афинитет на двајцата уметници во центарот на вниманието. Беспрекорната техника на Трпчески и чувствителното свирење на оркестарот е задоволство за пијанофилите“, изјавија од издавачката куќа „Лин рекордс“.

Освен на цеде, албумот е достапен за преземање и на музичките платформи. Нашиот пијанист е во Букурешт, и во салата на романското радио настапи како солист на Оркестарот на националното романско радио, со диригентот Николае Молдовану со дело за пијано и оркестар од Брамс.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *