Брзото темпо на живот во урбаните средини го соочуваат човекот со најразлични стресни ситуации, а медицината веќе одамна нема сомнеж по тоа прашање- стресот е во основата на секое психичко и органско заболување.
Стресот е дефиниран како најчесто несвесна, напната психичка состојба којашто на телесен, физички план, се одразува како згрченост на одредени делови на телото или на целото тело, а може да предизвика голем број на здравствени проблеми, тензичност, нервна напнатост, висок крвен притисок, анксиозност и други потешки форми на телесно заболување. Доколку не се ослободиме од него, доколку не научиме да се релаксираме.
Впрочем, и поимот релаксација, кој потекува од латинскиот збор ‘лаџаре‘, означува -нешто да опуштиш. Попрецизно, нешто одново да опуштиш , нешто што е згрчено одново да го опуштиш, да се релаксираш. Тоа е и најдобриот совет од докторите кој се почесто се ‘препишува‘- релаксација. Најлесниот е препишување на таблети за смирување. Под активна релаксација се подразбира рекреација- прошетки, трчање, планинарење, пливање, рекреативно спортување со еден збор, или било каква физичка активност. Пасивната релаксација е дел од источните дисциплини и се одвива во седечка,лежечка или стоечка положба.
Кај денешниот современ човек, оддалечен од природата а со самото тоа и од самиот себеси, означува и одмор. А, одморот, пак, како релаксација најчесто претставува заземање на удобна положба и менување на каналите на телевизорот. Ако за миг се сврти кон себе и го ослушне своето тело, ќе забележи дека одредени мускули му се згрчени, особено вратот, каде што, и научно е докажано, тензијата најдолго се задржува. А, природна состојба на човековиот организам е да биде опуштен.
Но, дали тоа е се` уште така или свеста на човекот се менува, барем во добар процент, па потребата за вистинска релаксација, пасивна или активна, сеедно, веќе спаѓа во она што би можело да се нарече- култура на живеење а придобивките од неа, го доведуваат човекот во неговата природна состојба дури и кога е со далечинското в рака. Во недостаток на статистички податоци или социолошка анализа по ова прашање, истото нека остане барем за миг да не замисли каде сме ние и како поединци и како држава на тој план.
Како другите народи и култури се справуваат со стресот
Пред неколку години е направено истражување за тоа како некои народи и различни култури се справуваат со стресот. Истото е објавено е во Executivestyle. Во кратки црти да ги запознаеме нивните традиционални навики.
Русите – сауна
-Дневни излети во бања е една од најстарите руски традиции. Тие имаат голем број работни часови и високо ниво на стрес како нација. Овој ритуал е одлична пауза во текот на денот, се вели во натписот.
За здравствените придобвки од сауна, нема потреба посебно да се нагласува.
Швајцарија- планинарење по Алпите
-Ништо не е подобро од пешачењето во природа од која сме често многу далеку. Потсетете се и сами колку добро се чувствувате кога шетате по шума или покрај река. Природата му е на човекот природно опкружување, а науката потврдува дека помага во намалување на стресот и дека го чисти организмот од штетното влијание на техничките апарати со кои сме опкружени, пишува во статијата, а се чини како општопознато место.
Шведска- Фика
Би помислиле дека Швеѓаните како и Скандинавците воопшто, сауната ја користат и за ослободување од стресот но и за подобрување на целокупниот имунолошки систем, но тие се прилично прагматични и тоа го прават во слободното време а во работното имаат други ‘методи‘.
-Кога ќе се изнервираат на работа, тие прават пауза која што го намалува стресот и ја зголемува продуктивноста. Традиција на шведската култура, присутна од 1700 година е -Фика, што во превод значи пауза за кафе и нешто да се ‘касне‘. Тоа е можност да се опуштат и се видат со пријателите или колегите, да ја освежат енергијата пред да им се вратат на работните задачи. Муабетите со пријателите се секојдневна пауза за нив. Истражувањата покажуваат дека тоа ја зголемува креативноста и фокусот, се наведува во натписот.
Каде грешат сите други коишто го прават истото останува нејасно, а во статијата тоа не се наведува, но нема да се впуштаме во шпекулации.
Италија- бавен оброк
-Бавното темпо и уживање во животот е одлично решение за живот без стрес. Италијаните наоѓаат задоволство во поврзувањето со другите и во храната. Тие уживаат во подготовка на храната со најразлични зачини, во бавно конзумирање на истата, што е од витално значење за нив, и во кавалитетно вино. Нивните паузи за ручек на работа, се вистинска терапија, се потенцира во статијата.
Турција- амам
-Турците повеќе од сто години ја практикуваат т.н турска бања, иако е таа варијација од римска и руска бања. Тој ритуал е поврзан со ритуалот за чистење на телото и исклучување од секојдневните грижи и мисли.
Африка- танц во ритмот на сопствениот тапан -‘нгома‘
-‘Нгома‘ се церемонии кои содржат ритам на тапан и танц, а се користат ширум централна и јужна Африка за да им помогнат на луѓето да се ослободат од ‘тешки прашања‘ како што се хроничните и менталните болести. Научна студија докажала дека се исклучително добри во ослободување од стресот.
Америка- посипување со студена вода
-Од неодамна станува пракса за спортистите, но во Америка, особено во близината на Масачусетс постои традиција за скокање во грч студена вода, уште од 1903 г. Се смета дека ги санира спортските повреди, ги намалува отоците, го освежува нервиниот систем и веднаш ќе ве разбуди, се наведува во статијата.
Се сеќавате на предизвикот ‘полејте се со студена вода‘, кој што ги запали социјалните мрежи пред неколку години ?
Тајланд- масажа
Би можеле да се кладиме дека прва асоцијација на Тајланд ви е -масажа. Во натписот се вели дека посетата на таа земја и не може да се замисли без добра масажа.
– Тоа може да биде исклучително впечатливо искуство за вас, бидејќи нивните масери ги користат колената, лактите и стапалата за да ве постават во положба која наликува на јога. Древната форма на тајландската масажа почнува со медитација која придонесува за големо психичко опуштање на стресот и ментално и физичко ослободување.
Индија- јога
-Обично за јогата се размислува како за физичка дисциплина, но овој термин вклучува и ментална и духовна пракса, покрај асаните ( положбите ) вежбите за дишење и медитација, докажано е дека можат да ве штитат од стрес и од болест. Дозволете си мала доза на истегнување, препорачуват во статијата.
Кина-Чигонг –Со корени во кинескта медицина, чигонг претставува збир на координирани ставови на телото, техники на дишење и медитација. Освен во духовни цели се користи и за подобрување на здравјето. Целта на чигонг е да ја избалансира чи-енергијата во телото и умот и да ја негува животната енергија.