Македонија Новости Топ Вести

Откако го избришавме АСНОМ, ќе се дообјаснуваме во Преамбулата ?!

Членови на работната група за подготовка на уставите измени би можеле да предложат во Уставот да се внесат Бугарите, Хрватите и Црногорците, но истовремено Преамбулата да се дополни и со нов наратив за историската генеза на македонската нација и на македонскиот јазик, брифираат добро упатени експертски извори.

Целта е во новиот наратив да се потенцираат самобитноста, правото на самоопределување и државотворноста на македонскиот народ, како и историскиот континуитет на македонскиот јазик и обидите за создавање на стандарден литературен јазик од средината на 19 век до официјалната кодификација еден век подоцна.

– Како што повеќе пати нагласуваат софиските политичари и разни државници и дипломати од земјите членки на Европската Унија и од бриселската администрација, од Македонија се очекува да ги внесе Бугарите во Преамбулата на Уставот и со тоа да ги деблокира преговорите за членство во ЕУ. Некои експерти не гледаат пречка да се исполни тоа барање, ако истовремено се зајакне и историскиот наратив за македонскиот народ и за македонскиот јазик во Уставот. Факт е дека во ниту еден документ и во ниту една изјава не се вели дека Преамбулата и нормативниот дел од Уставот не смеат да се менуваат или да се дополнат со други одредби. Доказ за ова е и иницијативата на албански партии за укинување на формулата „20 отсто“ и за запишување на албанскиот како втор службен јазик во земјата. Затоа, членови на работната група за подготовка на уставните измени би можеле да предложат нов текст во Преамбулата, со кој ќе се зацврсти наративот за самобитноста на македонската нација и за историскиот континуитет на македонскиот јазик до неговите темели во старословенскиот јазик.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *