Култура Македонија Новости

Општина Центар ќе го одбележи роденденот на Горан Стефановски

Општина Центар денес ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“ и соопшти дека годинашното одбележување ќе биде потенцирање на  љубовта на драмскиот автор кон рокенролот.

По тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој ќе вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски.

Во перформансот ќе настапат актерот Александар Микиќ и музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *