По двата случаи во кои починаа шестгодишно девојче и новороденче, директорот на Клиничката болница, д-р Александар Обедниковски најави дека денес ќе поднесе оставка на позицијата.
Тој вели дека тоа го прави од морални причини, по смртта на шестгодишното девојче Јана Христовска од селото Кравари и новородененчето кое почина вчеравечер веднаш по породувањето.
Директорот Обедниковски ни ја потврди веста и во пораката ни одговори дека оставката ја поднесува од морални причини.