Македонија Новости Топ Вести

Ковачевски негира конфликт на интереси за договорот со компанијата на неговата сопруга

Димитар Ковачевски денеска изјави дека смета оти нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен.

Ковачевски вели дека е изземен од одлучување и присуство на владина седница доколку на неа се дискутира за правни субјекти наведени во неговиот анкетен лист, но и дека она што го поседува тој и членовите на неговото семејство е „транспарентно наведено“ во неговиот анкетен лист кој го поднел во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Според премиерот, таму може да се види каде тој има удел, а каде има удел член на неговото семејство пред да стапи на функција.

„Со тој анкетен лист од моја страна поднесен до ДКСК, јас имам испратено и известување до вицепремиерот за добро владеење и до генералниот секретар на Владата во којшто нотирам и информирам дека доколку на седница на Влада се дискутира или се одлучува за точки поврзани со правните субјекти наведени во мојот ажуриран анкетен лист, објавен на ДКСК на нивниот веб сајт, моето учество треба да се изземе од одлучување и присуство на Владата, за што треба генералниот секретар да ме информира, за што ме информирал, заради спречување на каков било конфликт на интереси“, вели Ковачевски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *