Култура Македонија

Четиринаесеттомеѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер, во 20 часот, ќе биде отворено Четиринаесетто биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings). Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

На изложбата ќе учествуваат 38 млади уметници од Норвешка, Германија, Унгарија, Србија, Австралија, Италија, Белгија, Косово, Австрија, Словенија, Шведска, Романија, Швајцарија и од Северна Македонија.

Биеналето има цел да го насочи вниманието на стручната и на пошироката јавност кон делата на новите имиња од локалната и од меѓународната уметничка сцена, да ги поддржи и да ги поттикне креативните иницијативи на уметниците од новите генерации и да создаде услови за нивно јавно претставување и развој на современата уметничка сцена.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *