Оваа сабота, легендарната рок група Бајага и Инструктори ќе гостуваат во ноќниот клуб PURE, во Градски парк воСкопје, од 21 часот. Групата која се смета за една од најуспешните и највлијателните на сцената на балканската музика ќе ги изведе своите најголеми хитови пред фановите во Скопје.
За пристојниот младич на непристојното време Момчило – Бајага и Инструктори, оваа година е особено турбулентна, бидејќи групата направи промени во своите редови и се подготвува за новиот албум со кој во следната 2024 ќе ја одбележат својата 40-годишнина. Од своето формирање во Белград во 1984 година, Бајага и Инструктори успеаа да постигнат голем успех како на домашната, така и на меѓународната сцена, со своите мелодични рок хитови. Се очекува дека на настанот во PURE, ќе се претстават со своите безвременски хитови како „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Плави сафир“, „Тишина“, „Моји другови“ и уште многу други евергрини кои се добро познати на сите генерации.
Билетите за овој настан се продаваат по цена од 600 денари.