Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за европски прашања.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлозите на закони за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и на Законот за спортска академија, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, сите во прво читање.
Комисијата за европски прашања треба да ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи, како и предлозите на закони за вештачење и за зоотехника, сите во второ читање