Василевска до Маричиќ: И од пратениците ќе го добиеш истиот одговор, уставни измени под бугарски диктат нема
Иванка Василевска, пратеничка во Собранието во своето гостување на радио Лидер зборуваше за темата поврзана со уставни измени и му одговори на вицепремиерот Бојан Маричиќ дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во тие разговори
Тој рече дека ако не продолжи дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ, тие од СДСМ ќе тргнат да разговараат со секој еден пратеник од опозицијата.
„Не верувам дека кај мене ќе се јави вицепремиерот. Но, и да се јави кај било кој од колегите, мислам дека ќе го добие истиот договор. И претседателот Христијан Мицкоски кажа многу јасно. Ако е Димитар Ковачевски толку сигурен нека го стави тоа на дневен ред во Собрание, нека се покаже, ќе се преброиме и ќе видиме колку сме и што сме“, рече пратеничката Василевска.
Таа потенцираше дека веќе една година во Собранието неколку пратеници од владејачкото мнозинство се изјасниле дека нема да подржат уставни измени и дека тоа е против нивните принципи и убедувања.
„Тенка им е работата. Ќе ви кажам нешто друго што провејува во Собранието изминатите неколку месеци можеби и година. Неколку пратеници од владејачкото мнозинство децидно се изјаснија дека нема да го поддржат тоа, дека тоа е против нивните принципи и убедувања. Значи тие во нивното јато, во нивниот двор немаат единствен став, а не па сега ќе доаѓаат кај нас“, кажа таа.