Општина Куманово одвои седум милиони денари за бесплатно пливање на учениците во затворениот базен
Седум милиони денари или околу 115 илјади евра одвои Општина Куманово за спроведување на програмата за воннаставни активности на младите во затворениот базен во Куманово, со кој стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“.
Со овие пари се покриваат трошоците на учениците од основните и средни училишта кои во текот на учебната година бесплатно пливаат и да ги користат услугите на базенот.
Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска денеска беше да провери како се спроведува програмата, при што го истакна значењето на физичката активност на децата.
Програмата за бесплатно пливање ја користат 17 од 20 основни училишта. Не користат само три подрачани училишта во селата кои немаат бесплатен превоз, велат надлежните.