Македонија Новости Став Топ Вести

Собранието отвора дебата за реорганизација на државната управа

Работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа денеска ќе биде предмет на јавна расправа во Собранието, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница.

Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.

Целта на овие органи е ефикасно извршување на државните функции, како и обезбедување на остварувањето на правата, обврските и правните интереси на граѓаните и правните лица.

За учество на расправата се поканети претставници на институции, организации, здруженија и асоцијации, кои ќе имаат можност да ги презентираат своите ставови, предлози и забелешки за предложената законска рамка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *