Македонија Новости Став Топ Вести

Дурмиши: Просечната потрошувачката кошничка во октомври е 59.149 денари

-Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба, односно економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме, истакна Дурмиши.

Просечната потрошувачката кошничка во октомври била 59.149 денари што е 942 денари повеќе во однос на септември или 1,6 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

На брифинг со медиумите, Дурмиши информира дека најголемо зголемување има кај храната и пијалаците, посебно кај зеленчукот и овошјето. Раст има и кај домувањето, облеката и обувките, рекреацијата, културата, електриката, гасот и други горива.

Секојдневно, рече, се мониторираат цените од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

-Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба, односно економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме, истакна Дурмиши.

Тој се осврна и на инфлацијата, месечната е, нагласи, 0,4 отсто, а годишната во октомври 3,3 проценти.

Според Дурмиши, показателите внимателно се анализираат.

-Во еврозоната инфлацијата е четири отсто. Ние сме најдобри. Сепак, инфлацијата кај нас треба да е под три отсто и ќе го достигнеме тоа до крајот на годината, потенцира Дурмиши.

Во однос на минималната плата, информира дека Владата посветено работи на нејзино зголемување.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *