Култура Македонија Новости

„Современа скулптура 2023“, изложба на ДЛУМ

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер (23 март) во Уметничкиот центар „АРТ ХАБ“, со почеток во 20 часот, ќе ја отвори изложбата „Современа скулптура“.

На изложбата ќе бидат претставени 22 дела од 19 уметници, кои, како што велат организаторите, истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата.

Од ДЛУМ посочуваат дека во чест на наградата „Боро Митриќески“, ќе биде поставено и дело на еден од доајените на современата скулптура, Боро Митриќески, а во изборот е вклучено и дело на керамичарот Боро Новаковски.

Изложбата „Современа скулптура“ ќе биде отворена до 1 април.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *