Гордана Силјановска – „Како што ветерот вечерва е прекрасен, така ги чувствувам вашите мисли, вашите емоции“
За време на вечерашниот митинг на опозицијата во Струмица получасовно обраќање имаше кандидатка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Пред неа се обрати носителот на изборната листа во Четворката, Александар Николоски, а по неа, како главен говорник со 25-минутен говор беше Христијан Мицкоски.
Еве шро одвои штабот на нејзината кампања за информирање на јавноста. Вреди да се прочита, што мисли можниот иден шеф на државата и каккви размислувања ѝ навираат.
„Имам впечаток дека сегашниот претседател толку многу општини поминува во текот на денот што химната изгледа како подолга од неговите говори. Веројатно затоа знаете што правеа? Ја кратеа химната многупати, не само за да завршат порано со говорите, туку и да бидат во хармонија со должината на времето оти немаат што да кажат, немаат со што да се пофалат, па затоа и немаат ниту извештај, ниту отчет и некако се лути.
Замислете? Наместо граѓаните да изразат лутина, тие пред нив им велат дека ‘ако не гласате за мене, нема да ве посетам’. Немам зборови! Сите ние треба да се запрашаме од кого ни извира легитимитетот, да се запрашаме зошто не се за нас граѓаните, да ветиме дека што и да се случи вие граѓаните ќе останете најпочитуваните.
За мене, верувајте ми, и патот до успехот е, исто толку, важен како и успехот. Зошто? Бидејќи патот е невозможен без средби со вас.
Тие мене ме вознемируваат, пријатно, ме подмладуваат. Како што ветерот вечерва е прекрасен, така мислат дека ги чувствувам вашите мисли, вашите емоции, вашите вибрации, вие сте мојата граѓанска инспирација.






