Македонија Новости Став Топ Вести

Тошковски бара брзо да се расчисти инцидентот помеѓу полициските службеници


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го осуди инцидентот што ноќеска се случи кога полицаец нападнал свој колега додека извршувал служеби дејствија. Тошковски посочува дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител и дека побарал од надлежните служби во МВР да постапат професионално согласно стандардните оперативни процедури. 

-Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога истото е сторено од страна на вработени во Министерството за внатрешни работи. За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во Министерството побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста, се наведува во објавата на министерот Тошковски на Фејсбук. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *