Нов конгрес, нов лидер: Села на чело на Алијанса на Албанците, Таравари разрешен
На вториот партиски конгрес за само неколку дена, крилото на Зијадин Села го избра за претседател на партијата, а го разреши од функцијата Арбен Таравари. Која АА го има легитимитетот?
Ривалството меѓу двата спротивставени таборо во Алијанса за Албанците продолжи и денеска, на вториот партиски конгрес што се одржа во рок од само неколку дена и на кој крилото на Зијадин Села го избра за претседател на партијата, а истоврмено го разреши од функцијата Арбен Таравари.
Пред само два дена вонреден конгрес на Алијанса за Албанците одржа и Таравари со своите приврзаници, при што беше укината функцијата претседател на Собранието на партијата, која ја извршуваше токму Села. Исто така, на овој конгрес во петокот, Таравари беше реизбран за партиски лидер.
Зијадин Села денеска за медиумите истакна дека партискиот конгрес е е свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.






