Култура Македонија Новости Стил Топ Вести

КОНЦЕРТ НА ГРЧКИОТ СОПРАН АФРОДИТИ ПАТУЛИДУ НА 25 ЈАНУАРИ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

В четврток (25 јануари) од 20 часот, оркестарот на Македонска Филхармонијата ќе го одржи концертот насловен „Одисеја“ на кој ќе се свират дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солистка ќе настапи сопранот Афродити Патулиду од Грција.

Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска.

Сопранот Патулиду е и текстописец и фотограф, а се занимава и со сликарство и поезија. Настапувала во Државната опера во Берлин, Кралскиот театар во Мадрид, Грчката национална опера, Берлинската филхармонија и „Концертгебау“ во Амстердам. Живее во Берлин, а студирала во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел и на Универзитетот за уметности во Берлин.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *