Пензионерите ќе бараат зголемување на пензиите пред странските амбасади!
Иницијативните одбори на пензионерите, кои протестираат низ градовите во земјава, за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари денеска во Свети Николе се договорија на 7 ноември повторно да излезат на голем протест во Скопје. Драган Угриновски вели дека сега протестот нема да биде пред Влада, туку пред странските амбасади во земјава. Пензионерите на денешниот координативен состанок велат дека таму ќе се бара помош и правда за пензионерите со мали примања.
-Денеска се собравме во Свети Николе да одржиме координативна средба со сите иницијативни одбори од државата да се договориме детално за нашиот најавен протест на 7.11.2023 во Скопје, пред амбасадите и пред ЕУ, вели Угриновски.






