Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува

 Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава. Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари, рече премиерот Христијан Мицкоски кој вчера присуствуваше на 17. манифестација „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во објавата на својот фејсбук профил, Мицкоски нагласува дека во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој.

-Честитки до сите компании кои беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија. Затоа што силна економија значи силна Македонија, наведува премиерот Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *