Македонија Новости Став Топ Вести

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Владата ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година, објави на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со оваа мерка, како што посочува министерката, се придонесува за ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на горивата и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.

-Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност, пишува министерката за финансии во својата објава.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *