Структурата на доходот на граѓаните, изворите на приходи и значењето на податоците за унапредување на даночната усогласеност и креирањето јавни политики, ќе бидат во фокусот на денешниот брифинг што за медиумите го организира Управата за јавни приходи (УЈП).
На брифингот, насловен „Доходот на граѓаните во 2025: Што откриваат бројките“, директорката на УЈП, Елена Петрова, ќе презентира податоци и анализи поврзани со остварениот доход на граѓаните во текот на 2025 година.






