Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.
На Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка.
На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка
Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, сите по скратена постапка.