Основното јавно обвинителство ги проверува наодите од ревизорскиот извештај за Спортскиот центар Борис Трјаковски во кој се наведува дека изведените работи и инсталираната опрема кои Министерството за надворешни работи ги направи во спортскиот центар за организација на самитот на ОБСЕ во Скопје, се уште не се формално предадени во владение на Спортскиот центар.
Основно јавно обвинителство
– Во однос на извештајот за Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во 2023 година, истиот е доставен до обвинителството и во јуни 2025 година е испратен на надлежно постапување во ОЈО Скопје. Оформен е предмет и се преземаат дејствија за проверка на наводите
За ревизорскиот извештај и наодите за организацијата на самитот на ОБСЕ реагираа и од ВРЕДИ. Партијата бара целосна истрага од надлежните.
– Ревизорскиот извештај отвара сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства. Граѓаните заслужуваат вистина, отчетност и правда, а не политички имунитет за оние што ја злоупотребиле државата за лични цели.
За Османи пак, реакцијата на ВРЕДИ е поради локалните избори. Според него, се фабрикуваат афери со цел да се отргне вниманието од анкетите помеѓу него и Меџити за победник на изборите во општина Чаир.
– Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата. Бујар Османи.
Покрај нецелосната документација за самитот на ОБСЕ ревизорскиот извештај покажал и дека Спортската сала ” Борис Трајковски ” се соочува со низа проблеми,слабости и нерегуларности во работењето.






